Еден ден по јавното признание на принцот Чарлс дека ја изневерува со Клаудија, принцезата Дајана отворила ново модно поглавје во својот живот, пишуваат британските медиуми. Жената која во јавноста секогаш се појавувала закопчана до грло, за првпат на насловните страни на светските медиуми се појавила во сексапилен фустан.
На 28 јуни 1994 година принцот Чалс за првпат јавно на телевизија открил дека ја изневерува Дајана. Од тој ден, нејзиниот моден стил драстично се променил, вели Лонгмор. Лејди Ди на 29 јуни 1994 година го облекла црниот „фустан на одмазда“, како што подоцна бил наречен во јавноста.
Со новиот фустан таа се појавила на галеријата Serpentine која била организирана од страна на Vanity Fair. Креацијата била потпишана од страна на грчката дизајнерка Кристина Стамболиан.
„Тоа беше првпат светот да ја запознае новата Дајана. Таква каква што не м била потребна на кралското семејство и принцот Чарлс“, изјавил познатиот стилист Алекс Лонгмор.
„Тој ден принцезата сакаше да изгледа како дама од милион долари и успеа во тоа. Таа сакаше со новиот стајлинг да испише историја. И испиша“, изјавила Лонгмор.
Чарлс и Дајана официјално се развеле во 1992 година, но целиот процес на развод траел и во наредните четири години.
„Дајана сметаше дека фустанот е премногу одважен“, изјавила Стамбилиан во едно од своите подоцнежни интервјуа.
По смртта на принцезата, црниот фустан на Дајана е продаден на аукција. Го купил шкотски колекционер, а парите од продажбата биле искористени за неколку детски хуманитарни организации кои Дајана ги поддржувала од претходно.