Даниел Крег доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд

Глумецот Даниел Крег во средата доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. Неговиот последен филм како Џејмс Бонд неодамна премиерно се прикажа во Британија, а за неколку дена се очекува премиерата да се прикаже и во САД.

Филмот „Не е време за умирање“ е последниот на Даниел Крег, кој веќе 15 години го глуми тајниот агент 007. Неговата розова ѕвезда, 2704, е на Патеката на славните пред адресата на Холивуд булевар 7007 и е поставена пред покојниот Роџер Мур, кој го глумеше Бонд од 1973 до 1985 година во седум филма.

„Апсолутно ми е чест тоа што луѓето ќе пешачат по мојата ѕвезда во Холивуд. Тоа што сум на оваа плочка, опкружен со тим легенди, ме прави многу среќен човек“, рече Крег.

Продуцентите на филмот, Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, заедно со Рами Малек, кој го глуми негативецот Сафин во овој филм, исто така беа присутни на свеченоста.

 

 

Scroll to Top