Даниел Крег се спасил од силни експлозии на снимањето на Џејмс Бонд

Три силни експлозии настанале за време на вчерашното снимање на новиот филм за „Џејмс Бонд“, во Ponewood Studios, при што настанала голема материјана штета. Никој од актерите на сетот не биле повредени, но еден член од екипата доживеал мала повреда, пишува на службениот профил на новиот филм за Џејмс Бонд.

Британските медиуми пишуваат дека од експлозијата една рампа која се наоѓала пред студиото во Англија, паднала врз еден од членовите на екипата. Веднаш на лице место пристигнале лекари кои му ја дале потребната помош.

„Настана вистински хаос. Се слушнаа три гласни експлозии, една по друга. Една личност остана да лежи повредена пред зградата. Во моментов сè е затворено. Огнена кугла требаше да мине низ сетот, но работите почнаа да се одвиваат во погрешен правец“, изјавил еден очевидец за британски „Сан“.

Снимањето на филмот претходно било забавено и поради главниот актер, Даниел Крег, кој поради повреда на лигаментите морал да одмора повеќе од една недела. Крег со повредата се здобил за време на изведувањето на една од акциските сцени на Јамајка.

Минатиот месец беше потврдено дека „Бонд 25“, ќе стигне да се прикажува во април 2020 година, а оскаровецот Рами Малек, во филмот ќе се појави како последниот противник на тајниот агент на 007.

 

Scroll to Top