Три жени го обвиниле и актерот Дастин Хофман за сексуално злоставување. Актерката Мелиса Кестер е првата што го обвинила Хофман за сексуален напад. По неа тужба за сексуално вознемирување поднела и жена што сакала да остане анонимна, а тврдела дека Хофман ја нападнал во воз. Сега со слично обвинување се огласи и Кори Томас, поранешна соученичка на неговата ќерка Карина.
Кори во 1980 година имала 16 години, а Хофман ги поканил неа и ќерка му на прошетка низ Менхетн. Девојката вели дека случајно останала сама со него во хотелската соба. Тој влегол во бањата и излегол само со крпа околу него.
„Одеднаш ја тргна крпата. Стоеше гол, а јас за малку ќе се онесвестев. Тоа беше првпат да видам гол маж. Не знаев што да правам. Toј ме замоли да му ги измасирам нозете, и јас, не знаејќи дали смеам да одбијам, прифатив“, раскажaла во обвинението Томас.
Таа додала дека ја спасило ѕвонењето на телефонот, нејзината мајка била пред хотелот да ја земе од прошетката.