Фитнес-инфлуенсерот и актер Сем Асгари (27), кој четири години е во љубов со Бритни Спирс (39), вели дека сака да има дете со пејачката. Во интервју за магазинот „Форбс“ тој рекол дека е подготвен за нова фаза од нивната врска.
„Мои приоритети во животот се да останам скромен и да знам од каде доаѓам и каде одам. Својата актерска кариера сакам да ја доведам до следно нивo, но исто така и мојата врска со Бритни. Би сакал да станам млад татко, да имаме бебе“, вели тој во интервјуто.
Асгари, кој потенува од Израел, ѝ стана познат на јавноста откако се појави во спотот за песната Slumber Party на Бритни. Тој се пријавил на аудиција за спотот откако неговата тогашна девојка го убедила дека би бил совршен да глуми покрај Спирс. Брзо потоа Сем раскинал со девојката и почна да се гледа со Бритни, а веќе неколку години двојката живее заедно.
„Мојата тогашна девојка лично ја избра фотографијата со која би се презентирал пред тимот на Бритни и сакаше да одам на кастинг за нејзиниот нов спот. За истото ме наговори и мој близок пријател. Не знаев кој ќе биде задолжен за снимање на спотот, бидејќи сите детали околу него беа тајни. Решив да се појавам на кастингот и да го прифатам ангажманот, а останатото е историја“, додава Асгари.
За потсетување, Бритни веќе има две деца од бракот со Кевин Федерлајн, синовите Шон (15) и Џејден (14).