Дејвид Бекам дизајнира луксузен автомобил за „Масерати“

Светскиот луксузен бренд за коли, Масерати, и Дејвид Бекам заедно го дизајнираа моделот Maserati MC20 Furiserie Edition. Поранешниот фудбалер, кој е голем љубител и колекционер на автомобили, самиот ја претстави колата на чиј дизајн работеше подолго време.

Бекам, кој е амбасадор на италијанскиот бренд, со официјалните дизајнери на компанијата создаде својата лична верзија суперавтомобил со розови детали, боја која потсетува на клубот што го поседува Бекам, „Мајами“.

Моделот што го дизајнираше Бекам може да се купи по порачка. Но, бидејќи е дел од програмата Fuoriserie, секој што ќе го купи, може дополнително да го персонализира и така да создаде уникатна кола по свој вкус, како однадвор, така и внатре во кабината.

Основниот модел, оној што е на Дејвид, има црна каросерија, мат црн трозабец на предната маска и C-столбовите, и уште помрачна ознака на задниот дел. MC20 ознаката на вратите доаѓаат во розова боја, исто како и Брембо сопирачките, а целата тема се пренесува и во ентериерот на патничката кабина. Тапацирот е од црна кожа со контрастирани со розови шевови, ласерски се изгравирани тродимензионални ознаки уфрлени во пастелно розови нијанси и се наоѓаат на задниот дел од потпирачот за глава на седиштата, а меѓу предните две седишта е вградена персонализирана алуминиумска плакета на која пишува „За Дејвид“.

 

Scroll to Top