Синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, Ромео, наполни 16 години. По тој повод, неговиот татко му честиташе со емотивен статус и фотографија.
„Не можам да верувам дека мојот мал човек има 16 години. Среќен роденден, големо момче. Ти си толку посебен и те сакам многу“, напишал Дејвид на „Инстаграм“.
Фотографијата по недолг период собрала над 2 милиони лајкови.
Покрај Ромеа, Дејвид ги има и синовите Бруклин, Круз и ќерката Харпер Севен.