Дејвид Бекам повторно ги разгоре шпекулациите за развод со Викторија

Дејвид Бекам повторно проговори за бракот со својата сопруга Викторија Бекам и призна дека односот со неа понекогаш знае да биде многу тежок.

„Работите стануваат малку комплицирани кога двајца луѓе се долг период заедно“, изјавил Бекам.

„Кога сте во брак со некого толкав временски период како ние двајцата, тогаш одржувањето на односот секогаш е тешка работа“, додал Дејвид.

„Станува комплицирано“, изјавил Дејвид во објавата што ја пуштиле во јавноста како најава за интервјуто.

Пред неколку недели Дејвид ги поттикна шпекулаците за разводот затоа што не се појавил на насловната страница на „Вог“ со своето семејство.

Двојката се венча во Ирска 1999 година и има четири деца – Бруклин – 9, Ромео – 16, Круз – 13 и Харпер – 7.

Scroll to Top