Дејвид Гета ги продаде своите песни за 100 милиони долари

Еден од најпознатите светски диџеи и продуценти на електронска музика, Дејвид Гета, ги продаде своите песни на „Ворнер брос“ за 100 милиони долари. Во договорот меѓу компанијата и францускиот музичар се вклучени и идните песни на Гета.

Голем број музичари, како Боб Дилан, Пол Сајмон и Шакира, се решија на ист ваков потег за време на пандемијата.

Гета (52) е една од најзначајните фигури во поп и денс музиката во 21. век. Тој досега продал повеќе од 50 милиони албуми, а неговите песни се стримувани над 14 милијарди пати. Кариерата ја почна како диџеј во Париз и Ибица, а првиот број еден хит во Велика Британија го имаше во 2009 година.

„Реткост е еден музичар не само да дефинира еден жанр, туку и да го трансформира. Дејвид го прави тоа веќе две децении. Тој и натаму има извонредно влијание врз еволуцијата на денс музиката и постојано промовира нови вокали“, соопшти „Ворнер брос“.

Scroll to Top