Британската двојка Дејвид и Викторија Бекам повторно се најдоа пред лупата на јавноста поради шпекулациите за нивниот развод. Светските медиуми пишуваа за кризата во бракот на фудбалерот и поранешната членка на групата „Спајс грлс“, а како причина е наведена 28-годишната пејачка Рита Ора.
Магазинот Closer пишува дека 44-годишната Викторија открила дека нејзиниот сопруг е воодушевен од 15 години помладата пејачка, а покрај Дејвид, на нејзиниот шарм паднал и неговиот најстар син Бруклин Бекам.
Closer пишува дека најстариот наследник на Бекамови и осум години постарата пејачка разменувале романтични пораки кога тој имал 18 години. Сега истата работа се случила и со неговиот татко Дејвид.
Рита Ора пред неколку дена ги негираше ваквите шпекулации велејќи дека ги почитува Викторија и Дејвид и дека нема да си дозволи да направи нешто што ќе биде пречка за бракот на нејзините пријатели.
Викторија и Дејвид Бекам оваа година треба да прослават 20 години брак. Еден од најинтересните парови веќе неколку пати предизвика интерес кај јавноста поради наводните неверства и турбуленции во бракот.
Бекам и Викторија покрај синот Бруклин ги имаат и синовите Ромео, Круз и ќерката Харпер.