Американската пејачка и актерка Деми Ловато, која лани откри дека е бисексуалка, сега призна дека повеќе сака жени од мажи. Таа лани беше свшена а Макс Ерих, но ја раскина свршувачката.
Ловато откри дека пред неколку години им признала на родителите дека е сексуално флуидна, односно дека нејзината сексуална определба е подложна на промени и дека на моменти повеќе ужива да е со мажи, а некогаш повеќе сака жени. Но, таа сега вели дека созреала и открила дека не е заинтересирана за љубов со мажи.
Девито за новиот број на списанието „Гламур“ изјави: „Имав средба со една девојка. Тоа ми се допаѓа многу повеќе. Се чувствував подобро, како што треба. Со некои од момците со кои излегував – кога ќе дојдеше време да бидеме интимни, јас имав висцерална реакција. Тогаш сфатив дека повеќе ги ценам пријателствата со тие момци отколку романсата, и не сакав романса со никој од спротивниот пол”.
Деми призна дека почувствувала огромно чувство на олеснување кога нејзиниот кратка свршувачка заврши во септември.