Два месеца откако се вери за Макс Ерик, Деми Ловато ја раскина свршувачката со американскиот актер. Двојката се вери на 22 јули, а вчера објавија дека веќе не се заедно.
„Ова беше тешка одлука, но Деми и Макс решија да се разделат и да се фокусираат на нивните кариери. Тие и понатаму се почитуваат, се сакаат и секогаш ќе се сеќаваат на времето што го поминаа заедно“, стои во соопштението.
Двојката ја почна врската во март и се верија по само пет месеци.