Деми Ловато раскина со своето момче

По неколкумесечна врска, светската пејачка Деми Ловато раскина со своето момче Хенри Леви. Извор близок до пејачката вели дека Деми се одлучила на ваков чекор затоа што не влијаел добро на нејзината зависност.

Двојката почнала да се забавува минатата година, откако Деми изглегла од рехабилитација. На пејачката наводно ѝ се допаднао тоа што Хенри ги имал истите проблеми како неа, поради што веднаш се поврзале.

„Деми го познава Хенри со години. Таа уште кога се запознале почна да ја носи неговата облека. И тој како и неа има минато на кое не сака премногу да се навратува. Тоа е нешто што и двајцата веднаш ги поврза. Двајцата правеа сè за да им биде подобро. Хенри беше голема поддршка за Ловато“, изјавил нивен близок пријател.

 

 

Scroll to Top