Деми Ловато сакала да се самоубие

Пејачката Деми Ловато неодамна откри дека веќе шест години е трезна и не пие алкохол. Таа во едно интервју отворено прозборе за депресијата низ која поминувала и дека како дете помислувала на самоубиство.

„Првпат посакав да се самоубијам на 7 години. Бев фасцинирана од смртта. Имав искусено работи за кои никогаш не сум зборувала и не верувам дека некогаш ќе зборувам. Но на 7 години знаев дека ако си го одземам животот, болката ќе престане“, река таа.

Ловато изјави и дека самоубиствените мисли ѝ доаѓале во моментите кога била малтретирана и додека се справувала со депресијата.

„Неколку пати посакав да се самоубијам кога бев малтретирана. Истите мисли ми се враќаа и кога се соочував со депресијата. Долго време мајка ми се плашеше да ме буди наутро, оти што не знаеше дали кога ќе ја отвори вратата ќе ме најде жива или мртва“.

 

Scroll to Top