Деми Мур е заљубена во 13 години помлад готвач

Глумицата Деми Мур веќе неколку месеци е во врска со 13 години помладиот шеф во кујна Данил Хум. Даниел кој е од Швајцарија, е еден од најпознатите шефови во светот, а Деми откри дека се заедно, по објавата на социјалните мрежи каде сподели неколку фотографии.

Глумицата откри дека тие биле заедно на годинешното Отворено првенство на Франција (French Openu) и на улиците низ француската метропола.

За потсетување, глумицата досега трипати беше во брак. Првиот сопруг ѝ беше музичарот Фреди Мур, со кого беше во брак пет години, а по разводот, таа го задржа неговото презиме.

Со Брус Вилис со кого доби три ќерки, се омажи во 1987 година, а се разведоа во 2000 година. Со 15 години помладиот  Ештон Качер беше во брак од 2005 до 2013 година.

 

Scroll to Top