Ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, Талула Бел Вилис, објави слика со познатата актерка на Денот на мајката и откри дека тие две не разговарале три години. Ова се случувало во време кога Деми беше во брак со глумецот Ештон Кучер. Откако Деми останала бремена, но го изгубила бебето, односот меѓу мајката и ќерката се влошил.
„Не разговарав со мајка ми скоро три години и во тоа тешко време овој ден беше уште потежок за мене, се претворав во прашина. Се сеќавам се возев накај работа кога слушнав реклама на радио што беше толку весела ‘Парфем што секоја мајка навистина би го обожавала’. Беше тоа многу тежок период. Но, мојата приказна се смени. Растејќи, сфатив дека треба да имам повеќе разбирање за мајка ми и можност за простување. Три години не се претворија во вечност. Ако ме познавате лично, знаете колку ми е важна мајка ми во животот. Честопати се прашувам каков однос би граделе ако се сретнав со 26-годишната Деми. Мислам дека ќе се смеевме до несвест“, напиша Талула.
Таа е едно од трите деца на славната холивудска двојка. Талула има уште две сестри, Рамер и Скаут.