Актерката Деми Мур (60) блесна на модната недела во Париз, за време на која присуствуваше на ревијата на Сен Лоран.
Деми на ревијата дојде во црн фустан од проѕирен материјал во кој ја истакна својата витка линија. Под фустанот имаше црни шорцеви, а одозгора имаше дополнителен слој за покривање на градите. Меѓутоа, таа доживеала мала несреќа додека позирала.
Актерката сакаше да си ја среди косата, а од под дополнителниот слој и се видоа градите. Мала несреќа не ја спречи да позира, а судејќи по останатите фотографии одлично се забавувала.
На ревијата се дружеше со манекенката Кејт Мос, која исто така дојде во црна модна комбинација.