Деми Мур во врска со млада стилистка од Белград

Деми Мур веќе три години е во врска со стилистка од Белград, пишуваат светските медиуми. Магазините пишуваат дека актерката по три пропаднати брака и неколку пропаднати врски, конечно ја пронашла среќата во љубовта.

Станува збор за Маша Мандџука, која е родена во Србија, но во моментов живее во Њујорк каде што ги има завршено студиите. Работела како костимограф во шоуто „Топ модел“, но и на сетовите на бројни популарни филмови, меѓу кои е и „Ла ла ленд“, филм кој доби „Оскар“.

Двојката заедно се грижи за ќерката на Маша, Руми, а врската долго време ја криеле од јавноста. Маша своите празници често ги минува со Деми и нејзиното семејство.

Минатата година заедно минале неколку дена во Белград, каде на сплавовите уживале до доцна во ноќта.

Scroll to Top