„Денес требаше да се родиш“: Криси Тајген полна со емоции за бебето што го загуби

Манекенка Кристи Тајген, која во септември имаше спонтан абортус во петтиот месец од бременоста, го одбележа денот кога требаше да го роди синот Џек со емотиван порака. „Можам да се смеам, но тоа нема да сум јас. Денес требаше да се родиш. Сите ќе те сакаме секогаш“, напиша таа.

Криси, која е во брак со музичарот Џон Леџенд, објави слика на која носи алка со името на нероденото бебе. Таа од претходно има такви алки и со имињата на нејзините две деца, ќерката Луна и синот Мајлс.

Криси го изгуби бебето лани во септември, откако неколку недели имала обилно крвавење. Таа по спонатниот абортус објави слики од родилиштето, со порака до жените што се нашле во иста ситуација дека не се сами.

„Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја овозможиме на бебето течноста што му беше потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно, не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се викаат децата додека не се родат, туку пред да ја напуштиме болницата. Но, од некоја причина ова момче во мојот стомак го викавме Џек. Така што засекогаш ќе остане Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш ќе остане“, напиша тогаш Криси.

Таа изјави дека е благодарна што имаат две прекрасни деца Луна и Мајлс, но свесна е дека секој ден не може да биде совршен.

„Во овие најтешки денови од нашите животи, ќе жалиме и ќе плачеме, но ќе се прегрнеме најсилно што можеме и ќе се сакаме, па ќе поминеме низ тоа“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by chrissy teigen (@chrissyteigen)

Scroll to Top