Десет години не можев да го поднесам Барак, Мишел Обама отворено зборува за бракот со поранешниот претседател

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обаба во интервју зборува за бракот со нејзиниот сопруг Барак Обама. Таа открива дека веќе десет години има тензија во нивниот брак.

„Луѓето мислат дека сум лоша што го кажувам ова – имаше 10 години кога не можев да го поднесам мојот сопруг. И погодете кога се случи тоа?  -Кога нашите деца беа мали“, изјавила Мишел.

Нивните ќерки, имаа седум и 10 години кога живееја во Белата куќа, аимаат 21 и 24 години.

“Малите деца имаат барања. Тие не зборуваат. Тие се лоши комуникатори. Плачат постојано. Тие се неразумни. И ги сакате повеќе од се. И затоа не можете да ги обвинувате”, додаде таа и објасни дека важно е да се запознае личноста за да се надминат тензиите.

„Десет години, а ние сме во брак триесет. А тоа значи добри дваесет – зависи како гледате на тоа. Луѓето често се откажуваат од размислувањето, пет години и не можам повеќе да издржам. Може да бидете лути на него, но сепак го гледаш и велиш: „Не сум среќен со тебе, но те почитувам. Не се согласувам со тебе, но сепак си љубезен, паметен човек“, раскажала поранешниот првата дама на САД.

 

Scroll to Top