Десетте најдобри акциони филмови на сите времиња

Акциониот филм е еден од најпопуларните филмски жанрови. Адреналинот и опасноста во нив привлекуваат широк спектар на гледачи, во однос на кој било друг жанр.

На популарната страница Rotten Tomatoes ваквите филмови се ставени во категоријата „Акција и Авантура“, а „Бизнис Инсајдер“ направи листа на најдобрите, според оценките на критичарите на Rotten Tomatoes.

Од листата се исфрлени сите анимирани филмови и оние кои повеќе се склони кон делот на авантурата, односно раздвоени се акциионите од авантуристичките.

На топ листата 10 најдобри акциони филмови според Rotten Tomatoes се најдоа:

10 Лавренс од Арабија (1962)

Критичари: 98%

Публика: 93%

Што вели критиката: „Еден од најинтелегентните, најубви и највлијателни воени епски филмови“ – Chicago Reader

9. Богатството на Сиера Мадре (1948) 

Критичари: 100%

Публика: 93%

Што вели критиката: „Ликовите се длабоко одработени, не психоаналитички, туку низ човечки конфликти, акции, гестови и изрази на лицата“ – Variety

8. Седум самураи (1954)

Критичари: 100%

Публика: 97%

Што вели критиката: „Епските сцени со коњица и самураи се сеуште без преседан“ – Time Out

7. Возач (2017)

Критичари: 93%

Публика: 86%

Што вели критиката: „Ова е сензација на Едгар Врајт од почетокот до крајот. Филмот е благословен со убиствени автомобилски бркотници и потери, а Ансел Елгорт во него стана ѕвезда. Има најдобар саундрак на годината, а во кината никогаш нема да се забавувате повеќе од овој филм – Rolling Stone

6. Војна на ѕвездите: Силата се буди (2015) 

Критичари: 93%

Публика: 87%

 Што вели критиката: „Абрамс овој филм го започнал како еден од најважните проекти на нашето време – целосно бришење на Фантомсата закана и неговото продолжение од културната меморија“ – The Atlantic
5. Кинг Конг (1933)

Критичари: 98%

Публика: 86%

Што вели критиката: „Кинг Конг е продукт на бројни многу живописни фантазии“ – New York Daily News

4. Логан (2017)

Критичари: 93%

Публика: 90%

Што велат критичарите: „Категоријата филмови со суперјунаци стана досадна откако станала популарна, но Логан нуди бегство од бегство, го обновува човечкиот елемент во блокбастерите и го враќа чувството на филмовите со Клинт Иствуд од 70-те години“ – New York Post.

3. Чудесната жена (2017)

Критичари: 92%

Публика: 88%

Што велат критичарите: „Ова не е само триумф за жените, туку триумф општо. Ова е многу забавен филм со возбудлива акција, добар хумор, романтична магија и неверојатната Гал Гадот во главната улога“, – Newsday

2. Метрополис (1927)

Критичари: 99%

Публикa: 92%

Што велат критичарите: „Малку филмови биле вака возбудливи“ – Chicago Sun-Times

1. Лудиот Макс: Дивиот пат (2015)

Критичари: 97%

Публика: 85%

Што велат критичарите: Шокирачки е колку Лудиот Макс ќе стане благ. Oваа нежност се вклопува во една од најдраматичните акциски екстраваганции во последниве години. Ќе ви ја обнови верата во филмови” – Boston Globe

 

Scroll to Top