Дете го остави принцот Вилијам без текст: „А колку пари имаш на сметка?“

Принцот Вилијам не знае точно колку пари има во неговата кралска каса, што му го признал на едно 11-годишно момче.

Принцот Вилијам повторно доби симпатии при посетата на младинскиот клуб во Манчестер кога едно 11-годишно момче со голем интерес го прашало колку пари има на неговата банкарска сметка.

Нему му беше поставено ова малку дрско прашање додека се дружеше со младите во The Hideaway Youth Project, водечки партнер на Алијансата за мир во Манчестер во Мос Сајд.

Таму, 11-годишниот Амир Хасан го фатил на дело и добро го насмеал прашувајќи го: „А колку пари имаш на сметката во банка?“.

Принцот му рекол дека не знае колку пари има во кралската каса.

Според британските медиуми, се верува дека принцот Вилијам тежи околу една милијарда фунти, а The Sunday Times пишува дека откако го наследил имотот на неговиот татко, Војводството Корнвол, може да се пофали со богатство од повеќе од 20 милијарди фунти.

Scroll to Top