Поранешната холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит ќе ги запишат своите деца во јавни школи. Според пишувањата на американските медиуми тие одлучиле на нивните деца да им овозможат традиционално школување, што до сега не беше случај.
Децата досега се школуваа дома, поради ставот на Анџелина која не сакала да ги запишува во јавните школи.
„Ме фрустрира тоа што и јас учев во јавно школо и не научив премногу од таму. Поради тоа досега бев против да се запишат во вакви институтции“, објаснила Џоли за медиумите.
Двојката неодамна се најде во центарот на внимание, откако пријател на Џоли откри дека глумицата сакала да ја донесе Џенифер Анистон на суд, за да може да ја добие битката околу старателството над нивните деца Пакс, Нокс, Захара, Вивијен и Шајло.