Девојката на Ди Каприо: Леонардо го запознав на 10 години

Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо (44) од декември 2017 е во врска со 22-годишната манекенка Камила Мороне. Двојката долго време се криеше од јавноста, а Ди Каприо никогаш не зборува за Камила. Но, манекенката неодамна првпат прозборе за нивната врска. „Лео го запознав кога имав 10 години. Не запозна мојот очув, Ал Пачино“, рече таа.

Заради коментарите дека Ди Каприо е двојно постар од неа, таа не „Инстаграм“ објави слики од Лорен Бекол и Хемфри Богарт, меѓу кои постоеше 25 години разлика, а двојката беше во брак до смртта на Богарт. „Љубов како оваа“, напиша Камила на сликата.  Но, нејзините следбеници ѝ порачаа дека Леонардо ќе ја остави кога ќе наполни 25 години и дека сега го сака само нејзииното младо тело.

„Само што прочитав некои коментари на мојот Инстаграм… Боже мој, луѓето се злобни и полни со гнев кон луѓето за кои не знаат ништо. Се надевам дека ќе научат да живеат со помалку омраза,“ им одговори манекенката.

Сепак, американските портали неодамна направија графикон кој покажува дека Каприо никогаш немал постара девојка од 25 години, и покрај тоа што тој старее. Просекот на неговите девојки е околу 22 години.

Scroll to Top