Девојката на Марио Касас е бразилски модел

Иако шпанскиот актер го крие приватниот живот од јавноста, папараците го фотографираа како се бакнува со непозна девојка пред неговиот стан. Тие открија дека девојката е Вирла Гонзалес-Еспрасати, бразилска манекенка, која се преселила во Мадрид за работа.

Шпанците сакаат да дознаат сè за новата девојка на еден од најпопуларните актери, но и таа се крие. Она што се знае е дека Вирла сака да биде и актерка и дека имала неколку незабележителни улоги во разни серии.

За Касас, пак, пред неколку години медиумите пишуваа дека е во врска со маж. Тој нуту потврди ниту ги демантира пишувањата.

Scroll to Top