Девојката на Нејмар во топ-форма

Бруна Маркезине, која повторно е девојка на најскапиот фудбалер на планетата, Нејмар, со новата фотографија на
Инстаграм ги „зовре“ страстите во Бразил.

Бруна на Инстаграм едноставно напиша „Денеска изгледаш добро“, по што досега доби над милион лајкови.

Нејмар и Бруна првпат се сретнаа на Карневалот во Рио во 2012 година, за на Нова Година повторно да се во врска (по четврти пат). Тие првпат раскинаа на крајот на 2013, пред да се спојат пред Светското првенство во 2014. „Мирењето“ беше кратко, како и третиот заеднички период од октомври 2016 до крајот на јуни 2016.

Нејмар моментално уште е во Бразил, каде што се опоравува од скршеното стапало, но би требало да се врати во Пари Сен-Жермен пред крајот на сезоната, иако шпекулациите го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид во текот на летото.

Scroll to Top