Џабе лееше крокодилски солзи, знаевме дека глуми, рече еден од поротниците на судењето на Џони Деп со Амбер Херд

Еден од поротниците кои присуствуваше на судењето меѓу Амбер Херд и Џони Деп откри како тој се чувствувал за време на процесот со другитепоротници.

Тој рече дека како ѝ на него и на другите им било незгодно кога ја гледале Амбер како сведочи и дека нејзиниот емотивен говор било ништо друго освен лажни солзи.

„Плачењето, изразите на лицето и начинот на кој гледаше во поротата. Сето тоа беше многу незгодно. Ќе одговореше на едно прашање и ќе почнеше да плаче, а две секунди подоцна ќе се замрзнеше. Некои од нас го користеа изразот крокодилски солзи“, рече еден од петте машки поротници кои анонимно зборуваа во емисијата „Добро утро Америка“.

„Нејзините реакции ги спореди со Деп за кого рече дека изгледал опуштено, смирено и уверливо.

„Начинот на кој одговараше на прашањата, се чинеше дека ја кажува вистината. Неговата емоционална состојба цело време беше стабилна“, рече поротникот.

Тој го коментираше и односот меѓу нив двајцата и рече дека многу е веројатно и двајцата да се злоупотребувале еден со друг и дека си направиле штети. Рече и дека Херд немала доволно докази за да ги поткрепи нејзините тврдења за физичка злоупотреба.

„Некои приказни кои Амбер ги раскажа не беа убедливи, а повеќетемина од поротата сметаа дека таа е агресорот“, додаде поротникот и рече дека нејзиниот кредибилитет бил нарушен оној момент кога се открило дека не донирала 7 милиони долари во добротворни цели, како што тврдела во едно од нејзините интервјуа.

Тој напомена и дека поротата не можела да ја избегне веста за судењето која брзо се рашири на социјалните мрежи, но дека исто така избегнувале да ја гледаат.

Scroll to Top