Американскиот глумец и фронтмен на групата „30 секнда ту Марс 30“, Џерад Лето го прослави 51 роденден. Фановите му ги честитаа роденденот и новогодишните празници и му напишаа дека годините се само бројка и дека изгледа како за него времето да запрело.
„Фала ти што ни го направи Божиќ поубав. Одбиваме да веруваме дека имаш 51 година“, му напишаа тие.
Лето во кариерата се прослави во филмовите „Добри дилери од Далас“, „Александар“ и други. Познат и по врските со холивудските девојки. Излегуваше со Камерон Дијаз, Скарлет Јохансон, Ешли Олсен, а се шпекулираше дека има афера и со српската филмска ѕвезда Нина Сеничар.