Канадскиот поп-пејач Џастин Бибер е прогласен за „Изведувач на годината“ на вчерашното доделување на Ем-ти-ви видео-музичките награди (ВМА).
Примајќи ја наградата, Бибер кажа дека oвaа година не била лесна за никого поради пандемијата на коронавирус, а особено ѝ се заблагодари на неговата сопруга, Хејли Болдвин, со која се венчаа изминатава година. Меѓу конкурентите на Бибер за наградата беа ѕвезди како Аријана Гранде и Тејлор Свифт.
Наградите за видео и музика на Ем-ти-ви се воспоставени 1984 година и постепено станаа едни од најпрестижните награди во музичката индустрија. Оливија Родриго ја освои наградата за „Песна на годината“, а Лил Нас Екс ја доби онаа за „Видео на годината“. Поважни награди беа и :
„Видео на годината“: „Montero (Call Me By Your Name)” – Лил Нас Екс,
„Уметник на годината“: Џастин Бибер,
„Песна на годината“: „Drivers License” – Оливија Родриго,
„Најдобар нов изведувач“: Оливија Родриго,
„Поп-песна на годината“: „Рeaches” – Џастин Бибер, во соработка со Гивеон и Даниел Цезар,
„Хип-хоп песна на годината“: „Franchise” – Тревис Скот, со Јанг Таг и М.И.А.,
„Алтернативна музика и песна на годината“: „My Ex’s Best Friend” – Машин ган Кели, со Блекбер,
„Ар-ен-би песна на годината“: „Leave the Door Open” – Бруно Марс,
„Најдобра кореографија”: „Treat People With Kindness” – Хери Стајлс.