Џастин Бибер ги преколнува фановите да се молат за него

Пејачот Џастин Бибер вели дека во мометов минува во една од најужасните фази во својот живот и дека дава сè од себе за да ја надмине истата. Тој ги замоли своите фанови на социјалните мрежи да се молат за него.

Бибер веќе некое време се обидува да се држи на страна од јавниот живот. Пејачот избегнува јавни настапи, интервјуа, па дури не објавува ни нови песни. Но и покрај тоа, Бибер е главна тема на светските медиуми, кои изминатите неколку недели пишуваат за неговите брачни проблеми со Хејли Болдвин.

Неодамна беше објавено дека на Бибер до толку му било лошо во животот, што пејачот почнал да оди на терапии, но негови блиски пријатели демантирале дека тоа има каква било врска со односот кој го има со Болдвин.

Бибер јавно се огласи и испрати порака до своите фанови каде им потврди дека во моментов минува низ лош период. На една од фотографиите на „Инстаграм“, тој напишал:

„Само сакам да ве известам што се случува со мене и се надевам дека уште некој од вас ќе се пронајде во моите зборови. Многу ми е мачно. Се чувствувам неповрзано со светот и многу ми е чудно. Секогаш се обидувам да се опоравам, па и сега не сум премногу загрижен. Само сакав да ви се јавам и да ве замолам да се молите за мене. Бог е верен и вашите молитви помагаат. Ви благодарам“, напишал Бибер на една од фотографиите.

Фановите во своите коментари му испратиле желби за брзо оздравување на на пејачот, надевајќи се дека наскоро ќе се чувствува подобро.

 

Scroll to Top