Џастин Бибер ги продаде своите музички авторски права за 200 милиони долари

Канадскиот пејач Џастин Бибер ги продаде своите музички авторски права на „Хипгнозис“ за 200 милиони долари, тврдат извори блиски до пејачот.

Бибер е еден од низата уметници кои се одлучиле на тој чекор. Пред него тоа го направија Боб Дилан, Брус Спрингстин, Тина Тарнер и Нил Јанг.

„„Хипгнозис“ ги има стекнато сите издавачки права на Џастин Бибер, кои вклучуваат авторски права и музички снимки“, велат од компанијата, која претходно ги купи авторските права од Ред хот чили пеперс.

Американските медиуми пишуваат дека Бибер музичките авторкси права ги продла за сума од околу 200 милиони долари.

Неговиот репертоар вклучува повеќе од 290 песни објавени пред 31 декември 2021 година, вклучувајќи ги хитовите „Baby“, „Sorry“ и „Love Yourself“.

Бибер (28) е еден од најмладите уметници кои ги продале своите авторски права.

Scroll to Top