Најновите фотографии на 23-годишната манекенка Хејли Бибер предизвикаа шпекулации дека е бремена. Ја фотографирале минатиот понеделник во Холивуд во спортско издание, а под нејзините црни хеланки и тесната маица се гледа заоблениот стомак. Не требаше многу време да се прошират шпекулациите дека таа и сопругот Џастин Бибер го очекуваат своето прво дете, но парот сè уште не коментира за тоа.
„Таа не е бремена.
Веројатно само добро се храни“’, е еден од коментарите на социјалните мрежи, додека други имаат поинакво мислење. „Никогаш не била толку надуена, веројатно е бремена само два месеца. Само возбудливо, Хејли и Џастин ќе добијат бебе. Сигурно целото семејство е пресреќно“’, напиша еден корисник на Инстаграм.