Џастин Бибер обвинет за силување

Канадскиот пејач Џастин Бибер е обвинет за силување, пишуваат светските медиуми. Девојка, која на „Твитер“ се претставила како Даниела, го обвинила Бибер дека во 2014 година ја силувал во хотел во градот Аустин во Тексас.

Бибер ги негирал сите обвинувања на негова сметка, а наскоро потоа, Даниела го избришала нејзиниот профил од социјалните мрежи. Бибер како докази ги приложил и фотографии и сметки кои ја потврдуваат неговата приказна дека тој не се наоѓал во хотелот во Тексас.

„Шпекулциите се само шпекулации, но сексуалната злоупотреба ја сфаќам сериозно. Сакав веднаш да се изјаснам во јавност, од почит кон жртвите кои биле злоупотребени и сакав да ги претставам фактите пред да бидат дадени во јавност какви било изјави“, напишал Бибер на „Твитер“.

„Во последните 24 часа се појавија нови профили кои ја прераскажаа приказната за мојата вклученост во сексуален напад на 9. март 2014 година во Аустин во Тексас во хотелот „Четири сезони“. Сакам да бидам јасен. Нема вистина во таа приказна. Наскоро ќе докажам дека никогаш не сум бил на таа локација“, додал Бибер.

Бибер додал дека во Аустин бил со тогашната девојка, пејачката и глумица Селена Гомез. Како доказ приложил низа на линкови од текстови, фотографии, но и сметки кои ја потврдуваат неговата приказна.

Во текстовите кои ги приложил Бибер пишува дека тој и девојка му биле тогаш на концерт, а потоа останале на улица.

„Менаџерот на хотелот може да потврди дека не бев нивен гостин тогаш“, напишал Бибер.

 

 

Scroll to Top