Светската ѕвезда Џастин Бибер неодамна го промовира модниот бренд Drew, што го носи неговото презиме. Брендот има унисекс маици, џемпери и панталони, а на сите нив има насликана насмевка или е напишано името Drew, пишува Hollywood Reporter.
Иако ангажира модели за да ја рекламираат неговата облека и Бибер во последно време носи само облека од новиот бренд. Цената на производите е помеѓу 48 и 148 долари. На официјалната страницата пишува дека „со оваа облека можеш да бидеш она што си. Бла бла бла бла бла бла… Носи ја како да не ти е гајле. К. Чао“.
Бибер го регистрираше брендот во февруари 2018 година.