Џастин Бибер се кае што имал секс пред бракот

Светската ѕвезда, Џастин Бибер (26) во својата серија на „Фејсбук“ The Biebers on Watch, откри дека најмногу жали што имал секс пред да се ожени со моделот Хејли Бибер (23).

„Ако можев да се вратам во времето и да избегнам некои работи што ме болат… веројатно би се чувал за брак“, рече популарниот музичар.

„Сексот е збунувачки кога сте сексуално активни со разни луѓе“, додаде Бибер. Неговата сопруга не се согласи со неговото мислење и тврди дека секој има различни искуства.

„Се согласувам дека физичкиот однос може да ги направи работите збунувачки“, рече таа.

Познато е дека Џастин имал „сериозни проблеми со сексот“, а пред тој и Хејли повторно да станат блиски, тој самиот реши да апстинира една година.

„Сексот може да влијае на расудувањето и донесувањето одлуки. Може да збунува. Кога мојата врска со Хејли стана сериозна, јас престанав да имам секс и работите станаа многу појасни. Бев во можност да ја обновам мојата врска со неа и да градам доверба. Таа можеше да ме сфати сериозно и да знае дека ако не го сторам тоа со неа, не го правам со некој друг. Можеше да ми верува“, рече Бибер.

Хејли и Џастин се венчаа во септември 2018та година во матично во Њујорк, а една година подоцна направија венчавка за пријателите и семејство во Јужна Каролина. Потоа се венчаа во капела на имотот на луксузен хотел, а на церемонијата присуствуваа 154 гости.

Scroll to Top