Џастин Тиберлејк и Џесика Бил страсно се бакнуваат на плажа на Сардинија

Актерот и пејач Џастин Тимберлејк и актерката Џесика Бил уживаат во одморот на Сардинија.

Иако парот се обидува да се сокрие од фотографите, уловени се како разменуваат нежности. Тимберлејк и неговата сопруга се фотографирани во необични комбинации на облека. Актерката носи тигрести бикини, додека Џастин носи маица со долги ракави и зелени шорцеви за капење.

Парот почна да се забавува во јануари 2007 година, а се венчаа во октомври 2012 година на раскошна церемонија во Италија. Тие имаат два сина, Силас (7) и Финес (2).


Scroll to Top