Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 140 милијарди долари, ќе мора половина од сето тоа да ѝ го даде на својата сопруга Мекензи, бидејќи немале предбрачен договор, а сега се разведуваат поради негово неверство.
Неодамна светските медиуми открија дека Безос се допишувал со водителката Лорен Санчез, ѝ изразувал љубов, ѝ праќал свои голи фотографии и ѝ ветувал дека „нема да биде нежен“. Тој патувал со љубовницата, а според таблидите Мекензи самата го открила неверството на сопругот.
Некои пораки и фотографиите биле толку „сочни“, што некои таблоиди сѐ уште не сакаат да ги објават. Водителката наводно, ги препраќала пораките до свои пријателки, па така тие станале достапни за целата јавност.
Мекензи и Џеф беа во брак 25 години и имаат четири деца – три сина и посвоена ќерка од Кина.