Еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос, со неговата партнерка, популарната водителка Лорен Санчез, крстарат на јахта од 500 милиони долари. Лорен објави фотографија од Безос во гаќи со принт од палми, а на зглобот на раката имаше неколку нараквици со мониста.
„До мене ли е, или надвор е жешко?“, рече Санчез, а фановите ѝ коментираа дека му помогнала на Безос да остане во форма.
Во коментарите, пријателите на ѕвездите напишаа пофални и шеговити коментари на фотографијата. Крис Џенер пак, само им „ипспрати“ неколку светкави емотикони, додека стилистката Рејчел Зои напиша: „Јас те сакам тебе“.
„Му го промени животот. Сакај го. Ти го одржуваш млад и фит“, биле само некои од нив.