Џеф Безос со суперјахта вредна 500 милиони долари плови во близина на Дубровник

Јахтата на Џеф Безос, основачот на Амазон, е видена во вторникот во близина на Дубровник. Безос веќе некое време плови низ Европа, а бил и во Грција и Италија.

Безос веќе некое време ужива во суперјахта вредна 500 милиони долари, а на јахтата често му се придружуваат и други популарни гости.

Пред неколку дена, Безос и неговата вереница Лорен Санчез беа придружувани од актерката Деми Мур. Заедно уживале на јахта во Грција.

Но, Мур не е единствената која била ова лето на суперјахтата на Безос. На почетокот на август Безос заплови во Италија, а потоа на јахтата ги покани Бил Гејтс, неговата девојка Пола Херд и поранешната сопруга на Руперт Мардок, Венди Мардок.

Тие беа придружувани и од телевизиската продуцентка Фабиола Беракаса Бекман.

Scroll to Top