Џенифер Лопез ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил на 24 часа за да го најави нејзиниот нов албум насловен This Is Me…Now. Албумот доаѓа 20 години по објавувањето на This Is Me…Then.
Во краткото видео, пејачката ја рекреира корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформира во нејзиниот сегашен лик.
„Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“, напиша Џеј Ло.
View this post on Instagram
Таа го опиша новиот албум како хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении.
Да потсетиме, оригиналниот албум беше посветен на нејзиниот тогашен дечко Бен Афлек со кого денес е во брак. Албумот содржи 13 песни.