Џенифер Лопез и Бен Афлек често се на мета на медиумите, особено по неговите фотографии со Џенифер Гарнер.
Бен Афлек неодамна беше фотографиран со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, по што Џенифер Лопез се прошета заедно со Афлек за да покаже дека се е во ред.
Овој пат, еден од попознатите холивудски парови по се изгледа има брачни проблеми. Тие се фотографирани како се расправаат во автомобил. Судејќи по фотографиите, Бен бил тој што повеќе зборувал, додека Џенифер имала лут израз на лицето.
Странските медиуми пишуваат дека дискусијата најверојатно настанала откако Афлек неколку пати бил многу близок со Џенифер Гарнер.
Ова не е прв пат да се шпекулира за нивната врска, а познато е и дека во јавноста Афлек често не можел да ги сокрие своите реакции кога Џеј Ло му кажувала нешто.