Џеј Ло изгледа среќна во екот на нова романса со нејзиниот поранешен партнер Бен Афлек.
Таа беше фотографирана кога пристигна во куќата на нејзиниот дечко во Брентвуд во петокот.
Поп-sвездата (51) на себе има кропнат бел дуксер и соодветни панталони додека излегува од „мерцедесот-бенц“, кој се чини дека е ист како тој на Афлек.
Латино-дивата и оскаровецот, кои беа свршени од 2002 до 2004 година, неодамна ја потврдија својата обновена романса кога беа фотографирани прегрнати на влезот на отмен ресторан во Западен Холивуд.