Џејми Фокс го прекина интервјуто по прашањето за поранешната жена на Том Круз

By

Кејти Холмс и Џејми Фокс, пет години мораа да се кријат од очите на јавноста, поради „најбизарниот договор направен во Холивуд“, како што го нарекуваат договорот кој актерот го потпиша со Том Круз!

Се работи за тоа што Кејти во септември 2012 година, како услов за добивање на брз развод од Том Круз, се согласила на клаузула во договорот, каде се обврзува дека пет години после разводот, нема да направи нешто со кое јавно би можела да го понижи Том Круз. Тоа подразбирало и дека актерката не смеела во јавност да се појави со кој било маж, да говори за Сајентологија, ниту смеела да изјави дека е вљубена во друг.

Исто така, избраникот на Холмс никако не смеел да биде во близина на ќерката на Том и Кејт, Сури.

Но, Кејти и Џејми успеаа на неверојатен начин да направат нешто со кое што Кејт воопшто не би го прекршила дговорот. Прв пат се сликани заедно во септември 2017 година, кога договорот истекол, како среќни и насмеани шетаат по плажата на Малибу.

После тоа се појавија заедно во јавност, па затоа сите ги шокираше и потегот на славниот актер, кога го прекинал интервјуто поради прилично баналното прашање кое се однесува за Кејти!

Џејми вчера на 17 февруари, заигра на НБА Ол Стар Селебрити, мечот во Лос Анџелес, а на прашањето на новинарите на ЕСПН, дали со Кејти на Денот на вљубените тренирал кошарка, Оскаровецот се налути и го прекина интервјуто:

Видете ја неговата реакција:

 

Ќе ви се допадне