Џејми Фокс откако излезе од болница рече дека повторно е во форма

Џејми Фокс откако излезе од болница рече дека е добар и дека повторно се враќа во форма. Здравствени компликации и деновите во болница рече дека сега се зад него. Глумецот рече дека е подготвен да им се врати на спортските активности.

Тој учествуваше на спортски собир со олимписката одбојкарска ѕвезда Кејси Патерсон во рунда со пикли. Пиклболот е спорт сличен на тенис, бадминтон и пинг-понг, а се игра на терен со големина околу една четвртина од тениско игралиште, со малку пониска мрежа.

За време на пандемијата стана еден од најпопуларните спортови во САД, а особено е популарен во холивудските кругови. Фокс во јули беше виден и како игра голф.

За потсетување актерот во април имаше сериозни медицински компликации поради кои долго време беше во болница, а многу малку се знаеше за неговата состојба. Неодамна откри дека поминал низ вистински пекол.

„Поминав низ нешто што мислев дека никогаш нема да го направам. Знам дека многумина чекаа и сакаа да слушнат вести, но да бидам искрен, не сакав да ме видите таков“, рече Фокс.

Scroll to Top