Ланецот ресторани на најпопуларниот готвач Џејми Оливер има долгови од 71,5 милион фунти. Според британските медиуми, тој им должи на вработените 2,2 милиони фунти, а лани остварил загуба од 10 милиони фунти.
Тој има и долгови за кредити, за данок, за кирија, но им должи и на доставувачите на производи во неговите ресторани.
Пред неколку дена Оливер објави дека ќе затвори 12 ресторани во Велика Британија заради реконструкција на компанијата. Тој има 25 ресторани во Британија и 28 во САД. Реконструкцијата ќе предизвика отпуштање на 450 вработени поради намалување на трошоците.
Богатството на Џејми Оливер, пак, се проценува на 150 милиони фунти.