Џејми Оливер загрижен за здравјето на сопругата, две години има продолжен ковид

Сопругата на Џејми Оливер, Џулс Оливер, има продолжен ковид и тешки симптоми, а ниту еден специјалист не може да ѝ помогне веќе две години. Познатиот телевизиски готвач во интервју за викенд изданието на „Дејли мејл“ го откри здравствениот проблем на неговата сопруга.

„Кога Џулс доби корона, таа имаше потешка форма. И сега има пролонгиран ковид две години, и навистина е лошо, за жал. Таа не е во состојбата во која сака да биде, тоа трае веќе две години, и таа е многу исплашена“, рече Џејми.

Тој изјави дека  посетила неколку специјалисти во обид некако да го решат продолжениот ковид на Џулс, но никој не можел да им помогне. Медицината ја препознава оваа состојба, но всушност не ја разбира целосно бидејќи е присутна само две години.

„Постојано сме на улицата Харли“, рече Џејми, мислејќи на улицата во Лондон каде што се наоѓаат најугледните лекарски ординации.

„Но, како никој ништо да не знае. Информациите за продолжениот ковид постојано се трупаат, а Џулс се држи, но никој не успева да ѝ ги отстрани симптомите“, изјави готвачот.

Симптоми на пролжен ковид се отежнато дишење, замор, губење на мирис или вкус, болки во градите, гадење.

„Џулс и јас сме заедно 22 години, дојдовме во Лондон како тинејџери и ја зацементиравме нашата љубов пред да станам ѕвезда. Имавме само соништа и надежи. Заедно постигнавме успех”, рекол Оливер.

Двојката има пет деца, а Џулс во еден момент открила дека доживеала уште пет спонтани абортуси. Таа изгуби едно дете за време на карантинот. Џејми и Џулс ги имаат ќерките Попи (20), Дејзи (19), Петал (13) и синовите Бади (11) и Ривер (6).

Scroll to Top