Џејмс Бонд ќе стане татко

Познатата актерска двојка Даниел Крег и Рејчел Вајс објавила дека го чекаат своето прво дете. Рејчел изјавила дека таа и нејзиниот сопруг, ѕвездата од филмот за Џејмс Бонд, не можат да го опишат своето воодушевување од тоа што набргу ќе станат родители.

„Даниел и јас сме пресреќни. Едвај го чекаме бебето. Неа или него. Тоа ќе остане мистерија“, објаснила актерката.

Вајс и Крег веќе имаат по едно дете од претходните бракови, а како што и самите признале, својата врска се обиделе да ја скријат колку што е можно повеќе од очите на јавноста.

Претходно овој месец двојката е забележана на еден гала-настан во Њујорк на кој Рејчел носела комотен фустан, со кој го имала покриено трудничкиот стомак.

Work hard, sit back and wait for the hard work to pay

A post shared by Daniel Craig 🔵 (@theofficial_daniel_craig) on

Тоа ѝ успеало бидејќи нејзината бременост минала сосема незабележано сѐ до моментот додека таа и Крег не одлучиле дека е време тајната да ја споделат со сите свои обожаватели.

 

 

 

 

Scroll to Top