Актерите Рејчел Вајс и Даниел Крег за прв пат станаа родители. Актерската двојка доби ќерка.
Четирисет и осумгодишната оскаровка и ѕвездата на „Џејмс Бонд“ тајно се венчаа во 2011 година. Тие се запознаа во 2010 година, за време на снимањето на психолошкиот трилер „Куќа од соништата“ во Канада.
Вајс од деветгодишната врска со режисерот Дарен Аронофски има 12-годишен син, а Крег (50) има 26-годишна ќерка со претходната сопруга, актерката Фиона Ландн.
Ѕвездата на „Мумија“ претходно има изјавено дека никогаш не сакала да се омажи, бидејќи тоа не ѝ било приоритет, но го сменила мислењето кога го запознала Крег.