Џејн Фонда: Ме привлекува сексот со помлади мажи

Холивудската актерка и некогашната фитнес-икона и активистка Џејн Фонда во едно од најновите интервјуа откри дека во моментов не бара сексуална врска, но доколку бара, тоа би сакала да биде со помлад маж.

„Не сакам да бидам во сексуална врска. Ја немам таа желба. Се разбира дека фантазирам за такво нешто. Фантазирам дека ќе запознаам некој професор или научник, некој од таа бранша, кој е способен да ја сака жената“, изјавила Фонда за магазинот „Харпер Базар“.

Таа вели дека во секој случај, тоа би морало да биде помлад маж.

„Зарем не е тоа ужасно? Работата е во кожата. Јас сакам помлад маж, а имам прекумерна тежина“, додала таа.

Фонда признала дека сфатила за време на своите три пропаднати брака,дека не е способна за  каква било интимност.

„Не е до мажите. До мене е. Ако некој ми каже да бидам тука за него, би се исплашила и би избегала. Ме привлекуваат мажи кои никогаш тоа не би го направиле, затоа што тие не можат да го направат тоа за мене. Јас не го знаев тоа тогаш, но го знам сега“, изјавила Фонда.

Таа на крајот изразила надеж дека во некоја блиска иднина врската со некој помлад маж, ќе ја однесе во некој нов правец.

Scroll to Top