Џејн Фонда минала една ноќ во затвор

Глумицата Џејн Фонда помина една ноќ во затвор, откако по четврти пат беше уапсена за време на демонстрациите против климатските промени што се одржуваат во Вашингтон. Покрај Фонда, полицијата уапси уште 40 лица, затоа што седеле во зградата на Сенатот, но само глумицата поминала една ноќ во затвор.

Фонда во изјава дадена за медиуми нагласи дека планира и во иднина да продолжи со демонстрациите. Таа вели дека ќе продолжи да се залага за намалување на употребата на фосилните горива, кои се штетни за климата. Глумицата најави дека во иднина очекува да биде апсена секој петок.

Портпаролот на движењето „Пожарна вежба во петок“, Ајра Арлук, рече Фонда се појавила пред судија во Високиот суд вчера попладне и тогаш била ослободена.

Scroll to Top